Ракометарите на Охрид во третиот обид успеаја да го совладаат Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“ победувајќи го со 29-27 (12-12) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Супер лигата.
Иако бодовите од овој меч немаа резултатско значење двете екипи буквално изгинаа за нив. Битка се водеше за секоја топка на секој дел од теренот.
„Гладијаторите“ добро со 3-0 серија го започнаа мечот, но „пролетерите“ возвратија со исте мера за 5-5 на семафарот по десет минути игра.
Таков резултатски егал имаше до крајот на првото полувреме кое заврши со изедначине бројки на семафарот (12-12).
Охриѓани и вториот дел го започнаа како првиот што им донесе предност од три голови. Но, пак гостите Скопје најдоа начин и се вратија во игра.
Во 54-та минута од мечот имаа и шанса да го преземат водството, но Охрид во два наврати се одбрани и сурово ја казна нефикасноста во нападот.
Со голот на Крсте Андоновскина на почетокот од последната минута домаќините стигнаа до 28-27, а Иван Тасески со нов погодок ја запечати победа над Тинекс Пролет.
Р.К. Охрид: Колев (12 одбрани), Трајкоски (3 одбрани), Андоновски 1, Новаковиќ, Тасески 3, Павловиќ 2, Печенковски 6, Кежиќ 7, Вражалица 6, Хогас 2, Трифуноски, Белески 2, Костов, Иваноски, Мачу.
Р.К. Тинекс Пролет: Кимевски (9 одбрани), Коруновски (1 одбрана), Василевски, Николоски 2, Мајнов 2, Петров, Јованоски, Трајкоски 4, Андоновски 10,Трајчевски, Крстевски 4, Стојановски 1, Стоилов 3.
Фото: Емилио
Мх.П.