Кошаркарите на АМАК СП забележаа победа во дербито на Првата лига што се одигра во Охрид. Во салата „Билјанини извори“, АМАК ја совлада Струмица со 83:74. Домаќините го конторлираа текот на мечот кој во поголемиот дел беше изедначен, а најголемата предност што ја имаше АМАК изнесуваше 10 поени.

– Тешко беше да се игра после онај пораз од МЗТ Фон кој остави трага во нашата игра. Не функционираше шутот за три (2/11), а имавме доста лош дефанзивен скок по што заслужено сме поразени
– рече по звршувањето на мечот Јорданчо Давитков.

“One Man Show“ во првиот дел, во кој Џарид Фрај во очај ги фрлаше гостите кои немаа решение за неговата разноврсност, стигнувајќи до 21 поен на полувремето. Во третиот период стигнаа “езерџиите“ до највискота предност 47-37,  но застанаа овозможувајќи им на “чушкарите“  да се вратат во мечот. Одлучени да и стават крај на црната серија против шампонот сините се одлучија  за мирен, дисциплиниран напад која дава плод. Тасески (11п, 3 асс) и О’ Нил (17п, 8 ск) му доаѓаат на помош на Фрај кој натпрварот го заврши со (31п, 5 ск и 4 асс). Кај гостите четворица играчи завршија со двоцифрен број на поени кои сепак не беа доволни да се спасат од вториот пораз во серија.

Ja имаме најмладата екипа во првенстовото, а одигравме доста искусно во завршницата.Тандемот Фрај – О’ Нил не водеше до победата во која сите  дадоа свој придонес – рече Игро Гацов стратегот на АМАК СП.

За АМАК ова е прв триумф во продолжението на шампионатот и прв воопшто против актуелниот шампион Струмица во шестиот меѓеусебен дуел.

АМАК СП – Струмица 83:74   (17-12, 19-17, 19-23, 28-22)

сала Билјанини Извори. Гледачи 2,000

Судии: Марјан Стојовски, Александар Милојевиќ и Александар Павлов, делегат Михаил Макрадули.

АМАК СП : Д. Стојановски 9, Тасевски 11, Стојанов 6, Фрај 31, Цветниќ, Вегов 2, Ѓорѓоски, Тејлор, В.Cтојановски 7, Неделков, Николоски, О Нил  17.

СТРУМИЦА :  Богоев 14 , Цветков, Соколов 8, Грујиќ 2, Тасовски 13, Грнчаров 2, Крстевски 3, Бошњак 8, Пуповиќ 13, Караманолев , Латовиќ 13, Заев.  

[email protected]