Охридските скејтери конечно добија скејт парк каде ќе можат да уживаат во возбудувањата што ги нуди овој екстремен спорт.

Скејт паркот се наоѓа во близина на плажата „Куба Либре“. Неговата изградба ја помогнаа охридскиот Ротари клуб и локалната самоуправа.

Детали за проектот ќе бидат соопштени утре на прес конференција.

Ohridnews