Јужнокорејскиот милионер кој дал оглас во кој бара маж за својата ќерка, конечно пронашол личност која одговара на неговите барања помеѓу 400 пријавени кандидати. Милионерот, за кој единствено се знае дека се вика Ким и дека има 78 години, започнал да бара сопруг за ќерката единица минатото лето. Неговото богатство се проценува на околу 35 милиони долари.
Во потесниот избор влегле 10 потенцијални младоженци, со кои Ким лично разговарал. Победил Ли, кој имал 41 година. Се запознал со ќерката на Ким минатиот октомври, а свадбата била закажана за оваа сабота. Ли победил на изборот најмногу поради фактот што не покажал големо интересирање за богатството на неговата идна сопруга, туку за нејзиниот карактер.