Љубителите на пливањето во Охрид сега ќе може да рекреираат и во зима, благодарение на извонредната понуда на хотелот „Тино“ во населбата Св. Стефан. Имено овој модерен сместувачки комплекс започна со издавање на месечен билет за користење на затворениот базен и спа центарот за само 3000 денари.
Како што информират од хотелот „Тино“ во Св. Стефан, посетителите со месечната карта ќе може да го користат неограничено внатрешниот затоплен базен како и спа центарот кој располага со џакузи, сауна и бања на пареа.
Исто така, хотелот располага и со базен за деца.
Новиот хотел „Тино“ во населбата Св. Стефан е еден од најубавите на ривиерата.
OhridNews