По поуза од 4 години ФК Охрид се враќа во второлигашко друштво. На бараж натпреварот кој се одигра во Кичево, фудбалерите на Алумина по еден час игра при резултат 2:1 за Охрид го напуштија теренот.

Скопјани први дојдоа во водство уште во 3 мин. преку Наумовски. Охриѓани преку искусниот Маркоски израмнија во 35 минута од пенал. На почетокот од второто полувреме Атај ги доведе охридските бели во водство од 2:1

Како одминуваше времето нервозата беше се поприсутна на теренот. Атај изби сам пред голот на Алумина, беше недозволено запрен од Аргировски по што главниот судија Илир Селја оправдано му покажа втор жолт па црвен картон. Откако Алумина остана на теренот и со 9 играчи и комплетно беше надиграна, скопјани  немоќта ја покажаа со напуштање на теренот.

Правилата во ваков случај се јасни. Охриѓни со службен резултат ќе го добијат натпреварот и ќе играат во Втората лига.

М. Постоловски