Охрид конечно ќе добие народна кујна. Објектот ќе биде сместен во студентскиот дом „Никола Карев“,а корисници ќе бидат осумдесетина социјално загрозени граѓани.

Проектот за отворање народна кујна во Охрид се реалзира на иницијатива на Владата преку подрачниот центар за социјални работи и во соработка со локалната самоуправа.

Народната кујна во Охрид официјално ќе биде отворена во среда со пригодна свеченост на која според најавите ќе присуствуваат министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ и градоначалникот на Охрид.

Ohridnews