Љубителите на фудбалот два месеци го чекаа продолжението на најценетото клупско фудбалско натпреварување, Лигата на Шампионите на УЕФА. Осминафиналната пресметка започнува вечерва (20:45) со четири средби во кои се среќаваат Селтик – Милан, ПСВ – Арсенал, Лил – Манчестер јунајтед и Реал Мадрид – Баерн Минхен.
Обложувалниците за главни фаворити за освојување на Лигата на Шампионите ги сметаат Барселона (4,33) и Челзи (4,33). Следи Манчестер Ј. (8.00), Лион (9.00), Реал М. и Интер (11.00), а групата на фаворитите ја заокружуваат Арсенал и Милан (12.00). Потенцијални изненадувања се Валенсија и Баерн (21.00) и Ливерпул и Рома (26.00). Тотални аутсајдери се ПСВ и Порто (67.00), Селтик (81.00) и Лил (126.00).