– Договорот овозможува да се формираат пониски и конкурентни цени на туристичките аранжмани во Македонија, вели Дончо Танески – претседател на ХОТАМ.
Аранжманите биле презентирани на неодамна завршениот саем за туризам во Лондон, на кој тур-операторите покажале завиден интерес за туристичката понудата на Македонија.
– Ова е можност за членките на хотелската асоцијација на Македонија да ја збогатат својата понуда, вели Танески. Според него тоа нема да донесе многу гости, но ќе придонесе за поголема промоција на Македонија вон сезона.
Дел од членките на ХОТАМ веќе ги промовираа новите туристички аранжмани во кои е вкалкулирана специјалната цена на авио картите од Лондон, кои се движат од 429 евра за четиридневен пакет, 529 евра за седумдневен до 749 евра за 14-дневен престој во земјава со вклучен авио превоз.
Танески Очекува наскоро слични договори да бидат постигнати за повеќе други дестинации, меѓу кои и за Русија каде наскоро ќе биде промовирана македонската туристичка понуда.