Финалното вештачење на бродот „Илинден“ кое треба да ги открие причините за големата несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи, според најавите ќе почне утре.

Извештајот од истрагата што ја води судијката Весна Кичеец, неодамна им беше доставен на вештите лица од Македонија кои заедно со експерти од Хрватска и Словенија треба да го извршат вештачењето на бродот „Илинден“. Од тоа ќе зависи и дали обвинителниот акт евентуално ќе биде проширен и на други лица.

Засега единствен обвинет за несреќата е капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески, кој од 5-ти септември е во притвор.

Ohridnews