Веѓите на 72 годишниот Си Бурхер биле толку долги што секое утро морал да ги чешла. Собрал дури 1.200 евра за добротворни цели па ги избичил.
Си Бурхер од Англија секое утро морал да ги чешла своите веѓи. Никогаш не ги крател. Неговата сопруга и во клубот постојано го наговарале да ги избириче. На тоа се согласил ако секој член во клубот даде по 50 евра. Сите се согласиле и откако собрал 1.200 евра за добротворни цели отишол на бербер и се согласил да ги скрати веѓите.
„Не ми е гајле ако не пораснат повторно. Сопругата ми вели дека изгледам 20 години помладо. Вели дека конечно личам на нормален човек“ – рекол Бурхер.