Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала соопшти извондрени вести откако обелодени дека два тестови во серија се негативни на коронавирусот.

Битката на Дибала и неговата партнерка Сабатини со коронавирусот траеше цели шест недели.  Дибала откри дека борбата не била лесна и во одредени моменти неговата здравствена ситуација била многу лоша.

Конечно сум излечен од КОВИД-19. Моето лице кажува се, откако конечно се опоравив од коронавирусот, напиша Дибала на Инстаграм.

Комплетно лекување на Дибала се поклопи со почетокот на тренинзите во Јувентус. Сите фудбалери вклучувајќи и позитивните (Даниеле Ругани и Блаз Матуиди) тренираат со екипата.

OhridNews