Компанијата „J&D’s Foods” од Сиетл почнала да произведува кондоми со изглед и вкус на сланина. Кондомите се рекламираат под мотото „Вашето месо да изгледа како месо“. Направени биле од латекс и имале слој од специјална врста лубрикант на база на вода со вкус на сланина, која исто така ја произведува „J&D’s Foods”. Сево ова започнало како детално осмислена првоаприлска шега која станала сериозна и многу популарна на пазарот. Џастин Еш, коосновач на компанијата, рекол дека одамна размислувал за вакви кондоми, но немал храброст да ги пушти на пазарот се додека лубрикантот не станал хит.

Тој за „Хафингтон пост“ рекол дека освен вкусот на сланина, кондомот е ист како и секој друг. Цената е десет долари за паковање од три парчиња, а на пазарот ќе се појави во јуни. Компанијата, која е позната по чудни производи како лабело со вкус на лут сос, мајонез со вкус на сланина, и навистина бизарниот мртовечки сандак во форма на сланина. На пазарот постојат голем број кондоми со разни вкусови, од кафе до виски, но интересно е што претходно на никој не му паднала на памет сланината.