Еден претприемач од Менхетен одлучил да ја искористи актуелната трка за претседател на САД помеѓу Барак Обама и Џон Мек Кејн.

Така фотографиите на демократот Обама и републиканецот Мек Кејн ги ставил на кутии од кондоми. Посебно дизајнираните кондоми веќе извесно време можат да се купат низ цел свет.


Додека голем број од производителите на кондоми гарантираат 100 процентна заштита, овие кондоми се направени само за забава, па луѓето кои сакаат сигурен секс сигурно нема да ги користат кондомите со ликови од американските политичари.

Производителот рекол дека цената на едно пакување е 9,95 долари и дека целата залиха е продадена.