Кондомите Crown Jewels добиле свое кралско издание со ликот на принцот Вилијам и неговата вереница Кејт Мидлтон. На виолетовото пакување во кое се наоѓаат три кондоми пишува дека сексуалниот однос е посебна прилика како и кралската венчавка. Цената на едно пакување изнесува околу 8 фунти, а три пакувања можат да се купат по цена од 20 фунти.


Но, оние кои сакале да ги испробаат кондомите останале по малку разочарани. Имено, на кутијата исто така пишувало дека кондомите не ја имаат својата основна функција, туку дека служат само како сувенир. Портпаролот на компанијата која ги произвела изјавил дека оние кои сакаат можат да ги користат, но и дека не се сигурни како останатите кондоми.