На отворениот ден во Црвениот крст беа одржани едукативни работилници со 80 ученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид и со членовите на Здружението ПОРАКА од Охрид, на кои младите беа запознаени со фактите за СИДА-та, начините на пренесување, превенцијата и заштита.
На пладне на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, но и во голем број фирми, банки, продавници активистите на Црвен крст Охрид и НВО Опција Охрид, во соработка со Центарот за јавно здравје Охрид, делеа едукативен материјал за ХИВ/СИДА, средства за заштита-кондоми.
Активностите за подигање на нивото на свест и знаења за СИДА-та ќе продолжат во текот на целата недела, до 7 декември, со делење на едукативен материјал и средства за заштита во собиралиштата на младите, ноќните клубови, кафулиња, а ќе се реализираат и едукативни работилници во Црвен крст Охрид.