Голем број луѓе, кога станува збор за заштита при половите односи, користат токму кондоми како би се заштитиле од полово преносливи болести, но и несакана бременост. Иако се функционални, кондомите од латекс никогаш не биле сметани за “секси“. Но дизајнерот Дени Ресник се зафатил со дизајнирање кондоми за „следната генерација“. Повеќето кондоми се изработени од тенок латекс како човекот би заборавил дека го користи.
Но, Оригами кондомот бил дизајниран така да човекот постојано е свесен дека дека го има на себе. Станувало збор за кондом кој поради своите силиконски набори полесно се става од обичниот кондом. Токму тие набори ствараат и удобно триење за време на односот. Дени започнал да работи на овие кондоми откако се заразил со ХИВ, бидејќи за време на половиот однос му пукнал кондомот. Станувало збор за верзија за мажи која сеуште трпела измени, верзија за жени и специјален презерватив кој бил наменет исклучиво за анален секс.