Дека кондоми има со различни големини, бои, вкусови, текстури, сигурно знаете, но дали знаевре дека еден од најстарите е направен уште во 1640 година и дека бил за повеќекратна употреба. Овој старински презерватив, направен од свински црева, пронајден е во местото Лунд во Шведска, и сега е дел од збирката од 250 предмети кои се однесуваат на сексуалноста на нашите предци.
Интересно е што истражувачите утврдиле дека овој кондом кој го пронашле не е користен, поради што веројатно преживеал неколку векови, а покрај него имало и некој вид упатство за употреба, напишано на латински. Во него на корисникот му се препорачува после употребата кондомот да го измие со топло млеко, бидејќи на тој начин, како што се мислело, ќе се избегнат различни болести.