Денес со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски во организација на ВИС „Билјана“.

Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории, информираат организаторите.

Посочуваат дека со оглед на тоа што концертот ќе се одржи на плажа посетителите да си понесат перниче, пешкир, столче за седење.

ВИС „Билјана“ секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат почит на нивниот колега и голем другар Андреј кој прерано го напушти овој свет.

OhridNews