Деновиве Охрид е епицентарот на забавата на Балканот. Во понудата е речиси се и тоа што му прилега, а богами и тоа што не му прилега на градот на културата. Но тоа е тема за подлабока анализа. Во целото музичко шаренило синоќа отсконкна настапот на Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл во „Деспина ланџ бар“.
Харизматичниот Четкар зрачеше со позитивна енергија со што ја одушеви публиката која брзо се препушти на одличната атмосфера занемарувајќи се што не е поврзано со музиката.
На концертот беа изведени авторски песни на светски познатиот музичар Владимир Четкар кој периодов интензивно работи на новиот албум. Изведбата на Соул-Фанк Ансамблот на Четкар беше речиси совршена.
Владимир Четкар ја почасти публиката и со неколку адаптирани изворни песни и упати силни пораки за љубовта и животот.
Концерт со голема позитивна енергија на Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска