Концерт на џез квартетот Cobalt Code Unit утре во Џез Ин. Бендот е фракција од четворица млади музички аскети кои неуморно шетаат низ огромните пространства на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, размислувајќи за хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните впечатоци од африканските ритмички јазици и вревата на индустрискиот метеж, врева пресликана низ призмата на авангардниот израз.

Засега, тие ги запишале своите искуства на два долгосвиречки албуми: Rural (2020) и Soilwork (2021) и еден видео албум (The Yadro Concert). Нивните изведби личат на долги импровизирани теренски возења полни со ненадејни подеми, падови и свиоци проследени со брзинско дивеење со низ калливата почва на планинските патишта проткаени со мирно крстарење низ питомите планински пространства, нудејќи искуство на надреални пејзажи, медитативна меланхолија, и спокојство.

Cobalt Code Unit го сочинуваат Благојче Томевски (кларинет, бас кларинет), Симеон Ангеловски (бас гитара), Стефан Миладинов (гитара) и Драган Теодосиев (тапани).

Концертот започнува во 22:00 часот.

OhridNews