После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски на 10 август ќе одржи концерт на „Атнички театар“ во Охрид во организација на „Прагма продукција“.
Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката. На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја, велат организаторите.
Дека станува збор за исклучителен музички настан, додаваат, говори големиот интерес за овој концерт, но и 30 годишното искуство кое Јаневски го има зад себе на музичката сцена во државава.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.
OhridNews