Вечерва, 28 август, во џез клубот Џез Ин, самостоен концерт ќе одржи Никола Бочваров со својот квартет.

Никола Бочваров е дипломиран контра-басист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Франц Шуберт Конзерваториум” во Виена, Австрија. Покрај изведувачките способности во многу инструментални состави (Groovy Loons, Off Ground Ansamble, Brahma Trio, Иван Иванов квартет, Леана Таќи квартет, Симон Киселички трио и др.), како и вокално-инструментални поп-рок состави (Калиопи, Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Каролина Гочева, Мизар…), Никола го препознаваме како композитор и/или бенд-лидер на бендовите Атом, Калап, Антиарт, Musaiq, Бла Бла Бла и Bramha Amity.

Во Џез Ин ќе настапи во состав со Иван Петровски – гитара, Филип Димишковски – клавијатури и Александар Ванцовски – тапани.

Концертот започнува во 22:00 часот, а покрај авторската музика, Никола Бочваров Квартет ќе отсвират и џез преработки на неколку песни од култните “Архангел”.

OhridNews