Концерт на млади уметници ќе се одржи во црквата Св. Софија во петок, 24-ти Мај, по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, со почеток во 19 часот.

Прославата ќе започне со воведна пригодна беседа посветена на житието и творештвото на Солунските браќа од страна на еминентната професорка по славистика д-р Красимира Илиевска, по што ќе настапат ученици под уметничко раководство на Викторија Митеска-Малезан (пијано), м-р Даниел Чуркоски (пијано) и Елица Рашкова (виолина). Официјалниот дел од чествувањето ќе биде заокружено со настапот на пијанистката Викторија Митеска-Малезан, информираат организаторите.

Чествувањето е поддржано од Македонска православна црква, НУ „Охридско лето“, Општина Охрид, Неоком, и Ресторан Св. Софија.

Влезот за концертот е бесплатен.

OhridNews