Од победата на Евровизија за Кончита Вурст се зборува постојано, а освен што за неа зборуваат, фановите наскоро ќе можат и да ја „изедат“. Сопственикот на една месара во Бад Митендорф, родното место на Кончита, пдлучил да ја искористи популарноста на својата сограѓанка и во продажба да стави салама со нејзиниот лик и име.

Вурст на германски значи колбас. Џо Ајхингер, творецот на новиот сувомеснат производ, вели дека тоа е една прилично зачитена салама, баш како што е и Кончита. Претставничката на Австрија на евросонг изјавила дека е многу почестена со тој гест, а низ смеа додала дека не очекувала дека саламата ќе биде толку голема.