Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со програмата за пијано „176 Клучеви- Боите на црното и белото “ и уметниците Сун Хи Јоу од Кореја и Италијанецот Марко Чампи.

Двајцата пијанисти ќе изведуваат дела од Франц Лист, Фредерик Шопен, Клод Дебиси, Витолд Лутославски, Лудвиг ван Бетовен, Џорџ Гершвин, Фридрих Гулда, НиколаиКапустин и Астор Пјацола.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“,  во стандардниот фестивалски термин, 21 часот.

Пијанистката Сун Хи Јоу е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја воодушевува публиката низ светот.Уште од самото нејзино деби, таа од дете-гениј прераснува во комплетен музичкиартист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на Барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, a тоа го  докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ воНеапол во 2003 година со највисокио ценки. Како солист, Чампи до сега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио-станици.

OhridNews