Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св. Софија, ќе настапат руските уметници Алена Баева – виолина и Вадим Колоденко – пијано.
На програмата се дела од Дебиси, Педеревски, Бетовен…
Концерот почнува во 21 часот.
Репертоаротна Баева е разновиден. Во своите концертни програми таа вметнува и помалку познати дела од литературата за виолина. Има издадено и голем број компакт-дискови, а нејзините настапи многу често се емитувани на светските радија и телевизии.
Вадим Колоденко има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти. Како добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година, Колоденко започнува да гради интернационална кариера. Низ годините Колоденко соработувал со голем број истакнати диригенти, оркестри и изведувачи. Има богата дискографија, а еден од најзначајните компакт-дискови е оној со Оркестарот на Норвешкото радио издаден во 2015 година, кој е награден со познатата „Editor’s Choice“ награда.
OhridNews