Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга утре со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Мојот роден крај“.

Како што кажува самиот наслов, на концертот ќе бидат изведени песни за градот Струга, велат од Центарот за култура.

На концертот ќе учествуваат Марија Трајковска – виолина, Лида Алиу – виолина, Илза Бафтиари – виола, Енис Аљи – виолончело и Шкељзен Бафтиари – пијано.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на РС Македонија, а влезот е слободен.

OhridNews