Портпаролот на руската армија, генерал Игор Конашенков изјави дека при денешниот напад врз Киев уништени се тенкови Т-72 и други оклопни возила испорачани од земји-членки на Европска Унија.

Ракетите со голем дострел истрелани од руската авијација уништија хангари на периферијата на Киев, во кои имаше тенкови Т-72 и други оклопни возила доставени од источноевропските земји, изјави Конашенков.

Такво оружје на Украина и беше ветено од Полска, од Словачка и од Чешка.

Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во киевските квартови Дарницки и Днипровски се регистрирани повеќе експлозии, а едно лице е повредено.

Додека украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили истрелале неколку крстосувачки ракети во правец на Киев од руски авиони Ту-95, што се распоредени во Каспиското Море. Една од ракетите биле уништена од укранската противвоздушна одбрана.

OhridNews