Шише коњак од 1788 година било продадено за 25 илјади евра во понеделникот на аукција во прочуениот париски ресторан La Tour d’Argent. Таа сума ќе и биде предадена на организацијата која се грижи тешко болните деца да ги остварат своите соништа.
Купувачот Рафаел Зиер, француски бизнисмен во секторот на компјутерите рекол дека се работи за убав предмет, но првенствено бил заинтересиран за организацијата која им помага на децата. На новинарите им изјавил дека коњакот ќе го испие со пријателите во Лондон, каде и живее. Уште две шишиња нешто помалку квалитетен коњак биле продадени за 17, односно 15 илјади евра. Тие првобитно биле понудени по цена од 2 и пол илјади евра за шише.