Шефовите на њујоршката полициска коњаница навистина се изненадиле кога нивниот осум годишен коњ се вратил сам во коњушницата на Менхетен.


Осумгодишниот коњ Алдо во тек на редовната патрола по улиците, нејвероватно се вознемирил од буката во сообраќајот, се подигнал на задните нозе и го исфрлил полицаецот. Потоа сам со галоп се вратил во коњушницата на менхетен, оддалечена осум блокови.

Портпаролот на њујоршката полиција Паул Браун изјавил дека Алдо го познава овој терен.

Младиот 21 годишен полицаец претрпел мали повреди на вратот и рамената.