ЈП „Охридски Комуналец“ утре,  ќе спроведе акција за миење на улиците „Кирил и Методиј“и „Кузман Капидан“, почнувајќи од раскрсницата кај вториот Чинар па се’ до Плаошник. Заради непречено одвивање на оваа акција , како и за избегнување на можноста за оштетување на паркираните возила, јавното препријатие апелира до граѓаните кои живеат во овој дел на градот,  да ги отстранат своите возила, кои се паркирани на горенаведените улици, во периодот после 22 часот.


Акцијата за миење на улиците, планирано е да се одвива и во останатите делови на градот и е дел од  редовните активности за пролетното чистење и одржување на јавната хигиена,  кои се предвидени во Годишната програма на ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews