Ракопаните делови и дупките на булеварот “Туристичка,” надлежните служби, наместо со асфалт, ги пополниле со песок , реагираат од ЈП “Охридски Комуналец”. Од таму објаснуваат дека ваквата состојба им создава дополнителни проблеми на нивните екипи и значително го  отежнува секојдневното и тековно одржување на јавната хигиена, на една од најважните сообраќајница во Охрид.

Комуналците апелираат до наделжните служби, под итно да го санираат овој проблем, за кој, како што велат,  веќе ја информирале  Комуналната инспекција, за да превземе соодветни мерки.




Дупките на “Туристичка” наместо со асфалт се пополнети со песок

OhridNews