Во Струга, на терените на Евротел, во организација на СУТКОЗ на Македонија, се одржува „16та Комуналијада 2009“.

Учествуваат екипи од 21 јавно комунално претпријатие и акционерско друштво од Република Македонија кои се натпреваруваат во осум спортски дисциплини (мал фудбал, шах, стрелаштво, пинг-понг, пикадо, кошарка, куглање и влечење јаже) и пет работни дисциплини (аранжирање свежо цвеќе, миење јавни површини, изнесување смет, монтирање водомер и обележување коловоз), во машка и женска конкуренција.

Меѓу учесниците се и екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ и МЈП „Проаква“.

Прогласувањето на најдобрите на натпреварите и доделувањето на пехарите и признанијата ќе се одржи на свечената вечера, вечерва, со што и официјално завршуваат спортските игри на комуналците.

Ohridnews