Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека наредниот викенд односно на 27 и 28 март, ќе организира акција за подигање на отпад, од уредување на дворни површини и градини.  

Со цел спроведувањето на оваа акција да биде успешно,  се апелира до граѓаните,  отпадот  од гранки, трева и други растенија, уредно да го остават до контејнерите или на местата предвидени за подигање отпад.

OhridNews