Граѓаните кои живеат во овие делови од градот, доколку имаат ваков отпад, истиот треба претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на телефонскиот број 046/265353, за да можат екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Акцијата за подигнување на кабаст отпад која Ј.П.”Охридски Комуналец” ја спроведе минатата сабота наиде на одличен одзив кај граѓаните. Неупотребливата покуќнина и друг кабаст отпад, тогаш се собираше од улиците: “Туристичка”, “Јане Сандански”, “Гоце Делчев” и населбите “Центар”, “Горна Влашка Мала” и “Христо Узунов”.