Екипите на секторот за Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите денови ги санирале дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот на Самоиловата тврдина.

Исто така биле санирани и багремовите стебла покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта.

По налог на општинскиот инспекторат, комуналците ја расчистиле и мини-депонија на булеварот „Железничка“ кај Петља и расфрланиот отпад на зелениот појас од Стобекс до Здружението на возачи.

OhridNews