Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве започна со есенско уредување на парковите во градот. Во акцијата што се одвива викендов се средуваа паркот пред хотел “Милениум” и кај  “Билјанини Извори”. Покрај тоа  се коси тревата, се поткаструваат гранките и кројат дрвата, а се  собираат и паднатите лисја, информираат од јавното   комунално претпријатие.


Есенско чистење на парковите

И додека комуналците одговорно си ја вршат својата работа, несовесни граѓани ги уништуваат корпите за отпадоци и контејнерите. Последниот таков пример е забележан во близина на амбулантата во Воска и во населбата Далјан. Од Комуналец информираат дека ги враќаат контејнерите во првобитна состојба, но дека веднаш потоа неодговорните граѓани повторно ги превртуваат, поради што ѓубрето стои расфрлано околу нив. Затоа, ЈП „Охридски Комуналец“, апелира до надлежните органи да ги откријат и казнат неодговорните граѓани.


Превртени контејнери во Воска и Далјан


Ohridnews