Превртени канти за отпадоци и расфрал отпад, растурени цвеќиња, уништени зелени површини. Ваква е сликата во Струга по уништување на урбаната опрема и уредениот зелен простор од страна на несовесни граѓани.

Од јавното претпријатие „Комунално“ апелираат да не се оштетува и да не се остава лоша слика за градот.

Ве молиме да не ги оштетувате урбаните средини, дрвјата, цвеќињата и зеленилото, поставени од ЈП „Комунално“. Ваквите постапки само му штетат на градот и го уништуваат ликот на нашата убава Струга. Ајде сите да се грижиме за нашиот град да биде што е можно почист и поубав, стои во апелот на претпријатието.

Дополнително, паркирање на возило на зелена површина, говори уште повеќе за ниското ниво на свесност за грижење за јавните зелени уредени површини.

Граѓаните реагираат дека ова говори за некултурата, дека сме мизерија од народ и дека никогаш нема да ни биде средено и чисто, дека треба веднаш да се казнува вакво несоодветно однесување, но и дека се потребни повеќе контроли од надлежните служби посебно во доцните часови.

Н.С.Ј.