Во текот на денешниот ден непрекинато продолжија теренските активности на екипите од ЈП „Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот. Се чистеше на плоштадот, чаршијата и останатите јавни површини во центарот на градот, како и пристапите до училиштата, градинките и другите јавни институции во градот. Исто така интензивно се чистат тротоарите и коловозите на сите фреквентни улици, информира локалната самоуправа.
Работниците на ЈП “Охридски Комуналец” кои се теренски ангажирани за чистење на снегот во Охрид ќе добијат еднократна награда како признание за вложениот труд, посветеност и успешно реализираните активности. Уште еднаш упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината. – истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
OhridNews