Комуналните проблеми во општина Охрид во иднина ќе се решаваат во рок од 48 часа. Оваа новина во работата јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ја промовираше денеска на прес конференција.  

Со овај проект во рок од 48 часа надлежните служби во претпријатието мора да реагираат по пријава или барање од граѓанин за некој проблем, доколку на пример станува збор за дива депонија, несоодветно депониран отпад, превртени контејнери или слично, вели в.д. директорот на „Комуналец“ Сашо Алче.


Ваквите проблеми ќе се решаваат во најкус рок најавуваат од „Комуналец“

За таа цел формирано е посебно одделение опремено со сите потребни реквизити и средства за работа, кое на располагање ќе има и специјано возило за да може брзо да реагира, објаснува Алче.

Граѓаните комуналните проблеми ќе може да ги пријавуваат на телефонскиот број 046/ 265 353, по што веднаш на терен излегува екипа на „Комуналец“. Доколу се работи за ѓубре веднаш ќе се подигне, а доколку станува збор за некаков друг комунален проблем се известуваат фондот за комунален развој или општинската комунална инспекција кои се должни да издадат налог за извршување. Доколку проблемот е решлив се реагира во рок од 48 часа, но ако е потребно повеќе време за тоа писмено се известува пријавителот исто така во рок од 48 часа, информираше Алче.

Овој проект, додаде Алче, се очекува во голема мера да ја подобри јавната хигиена во Охрид.

Ohridnews