Во летниот период, почнувајќи од месец јуни комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Согласно Програмата за работа за оперативната 2024 год., ЈП „Охридски Комуналец” во летниот период, почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирање на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период, велат од претпријатието.

OhridNews