Како што веќе објавивме, Хидробиолошкиот институт од Охрид наскоро ќе отпочне со градежни работи за поставување биофилтер на затвореното мрестилиште за одгледување подмладик и матици на охридска пастрмка, кое е изгрaдено со донација од владата на кралството Норвешка. Средствата за поставување на биофилтерот кој ќе ги пречистува отпадните води од мрестилиштето ги обезбеди Министерството за земјоделство, а дел се сопствени средствата на Хидробиолошкиот институт.
Поради најавените градежни зафати, Хидробиолошкиот институт упати известување до сите сопственици на пловни објекти кои се оставени во дворното место на јавната установа, или паркирани во каналот Студенчишта на страната од кај Заводот, истите да ги отстранат најдоцна до 9.11.2009 г., во спротивно тоа ќе го направи комуналната инспекција.