Иако снежната покривка во Охрид изнесува едвај неколку сантиметри, поради екстремно ниските температури снегот предизвикува сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот, но и го отежнува движењето на граѓаните по смрзнатите тротоари и улици.
Затоа, согласно Одлуката за комунален ред на Општина Охрид, Комуналната инспекција ги потсетува правните и физичките лица дека нивна должност е да го исчистат снегот и мразот од тротоарот пред своите домови или деловни простории, а доколку улицата нема тротоар, чистењето да се изведува од коловозот на половина од улицата во должина на локацијата пред сопствениот објект.
Во спротивно, Комуналната инспекција, согласно своите надлежности кон несовесните граѓани ќе превзема мерки, согласно своите овластувања, се вели во соопштението што до медиумите го испрати оваа општинска служба.
ohridnews