-Голем дел од граѓаните зелениот отпад го оставаат во контењерите, со што истите за кратко време се преполнуваат и нема место за депонирање на отпадот од домаќинствата.-велат од Комуналец.
Тие апелираат до граѓаните, отпадот од средувањето на дворовите и другите зелени површини да го депонираат во вреќи, а не да го оставаат расфрлан околу контејнерите и на главните сообраќајници низ градот.