Од „Комуналец„ забелешка имаат и на инспекциските служби, кои според јавното претпијатие не си ја вршат својата работа.
– Според наши неофицијални сознанија, казнувањето на несовесните граѓани по Законот за јавна чистота во последно време е занемарливо, односно речиси ниеден граѓанин не е санкциониран. Во Законот за Јавна чистота е наведено дека глоба на лице место може да изрекуваат државни инспектори за животна средина, општинските инспектори за животна средина, општинските комунални инспектори и полициски службеници. Ги повикуваме сите надлежни инстанци да го спроведат законот во дело за овие слики да не ги затекнуваме на секој чекор на подрачјето на Општина Охрид, стои во рекацијата на ЈП „Охридски Комуналец.
фото: „Комуналец“