Ј.П. „Охридски Комуналец“ изрази задоволство од соработката со концесионерите на плажите, што придонело за подобрување на јавната хигиена во шпицот на туристичката сезона.

– Оваа сезона ги нема контејнерите покрај плажите во главните туристички локалитети кои беа грда слика и претставуваа потенцијален извор на зараза.Во оваа сезона контејнерите се заменети со корпи за отпадоци кои треба да ги обезбедат концесионерите на плажите. Истите отпадот го изнесуваат во точно определено време во вечерните часови и истиот веднаш се подигнува. Што се однесува пак до несовесноста на граѓаните кои ги напуштаат плажите зад себе оставајќи го ѓубрето, обврска е на Комуналната инспекција за истите да бидат санкционирани, велат од Комуналец.

OhridNews