ЈП „Охридски Комуналец“ денеска  ќе го промовира проектот  за управување со комуналниот отпад на подрачјето на општината. Оваа промоција е дел од активностите со кои јавното комунално претпријатие го одбележува  јубилејот 62 години од постоењето.

На свеченоста што ќе се одржи во хотелот „Ривиера“, ќе бидат презентирани и активностите на јавното комунално претпријатие во тековната година.

Ohridnews