Доколку граѓаните не ги подмират обврските за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад Ј.П. „Охридски Комуналец“ од и јануари 2010 ќе започне со наплата на долгот преку извршители.

– Пред да се достават барањата за извршување до надлежните извршители, секое физичко лице-корисник на услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад ќе биде опоменато и ќе му се даде можност во дополнителен рок да го исплати долгот и судските такси по тужбите. Доколку постапи по опомената ќе го плати само главниот долг и судските такси. Во спротивно, доколку се спроведе извршувањето кај надлежните извршители, паричните обврски на граѓаните ќе бидат двојно или тројно поголеми бидејќи покрај главниот долг и судските трошоци ќе бидат задолжени и со законска затезна камата на главниот долг и судските такси, како и со трошоци за извршување, информираат од јавното комунално претпријатије.

Ohridnews