„После одржаниот митинг на ВМРО ДПМНЕ на 11.05.2008 на плоштадот “Св. Климент Охридски”, беше направен пустош не само на плоштадот туку и во целиот град.
Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај редовните ангажмани и динамика на одржување на хигиената мораше да ангажира дополнително уште 80 работници, две вонредни возила и машина за метење, за да се врати хигиената во првобитна состојба каква што заслужува Охрид, односно граѓаните. Овие активности беа завршени до 9.30 часот и Охрид повторно блесна во својот сјај.
Во 10.30 часот се јавија 5 активисти од младината на ВМРО ДПМНЕ со по 1 кесе во рацете со намера да собираат отпад или поточно да ја залажат јавноста дека и тие помогнале да се исчисти плоштадот после одржаниот митинг.
За информација на охридската јавност Ј.П. Охридски Комуналец од одржаниот митинг подигна околу 110 м3 пресован отпад или изразено во тежина- 60 тони“.
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ